Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека никој од нив нема да ја користи придавката Северна.

„Со Договорот од Преспа, Зоран Заев успеа да наметне ново име на Република Македонија. Тоа е реалноста која е тажна и болна за македонските граѓани… Вие сте тие којшто ја донесовте таа сурова реалност во Македонија, но никој од нас никогаш нема да ја користи таа придавка, тоа е факт“, посочи Андоновски.