Тој додаде дека од прекројувањето на владата најмногу корист имаат Артан Груби и неговите пријатели кои не гледаат ништо друго освен како евтино да купуваат недвижнини.
„Интерес на таа клика е како да се купи евтино хотел на Попова Шапка. Не знам кој може да купи хотел за 60-тина илјади евра, не познавам таков човек во Македонија освен овие пријателите на Артан Груби кој што можат да купат хотел за 50-60 илјади евра. Такашто тоа беше суштината на промената на владата“потенцираше Андоновски.
Зборувајќи за тоа дали е можно друга партија да влезе во владата, Андоновски истакна дека тоа е нивна одлука но се надева дека ќе размислат добро и за иднината на државата и за нивната политичка иднина.
„Дали некоја друга партија ќе влезе или ќе излезе од владата тоа е нивна одлука, но по примерот на одредени помали албански политички партии се покажа дека е погрешна одлуката. Видете во каква ситуација е сега Алтернатива која што влезе да ја спасува владата, а беше избркана буквално од таа влада без да се согледа нивниот став. Имаа сериозни министерства, а сега се тргнати сосема на страна, така што се надевам дека ќе размислат добро и за иднината на Македонија сите политички партии, но и за сопствената политичка иднина, дали е паметно да влегуваат во влада на која што ѝ се одбројани деновите и која што апсолутно не покажа никакви развојни модели, никаква борба против корупцијата“, заклучи Андоновски.