Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка во Министерството за да не ја изложи институцијата на судски постапки. Денес на прес-конференција, по последните обвинувања од СДСМ, рече дека до потписот не знаел чија е компанијата, но поради презимето истражил.
„До потписот јас не знаев дека постои ваква фирма, но заради презимето истражив и бев ставен во една ситуација доколку ја поништам постапката го ставам Министерството на трошок да се спроведуваат против нас судски постапки, кои што биле пракса во минатото, и да плаќаме пенали затоа што фирмата ги исполнува сите законски услови и нема ниту една законска пречка зошто таква фирма не треба да учествува на јавна набавка. Уставно право на секој граѓанин е да учествува во првниот промет. Ние сите потпишуваме изјави за судир на интереси и во овој случај ниту еден дел од мојата изјава за судир на интереси или изјавата за судир на интереси на вработените кои учествувале во постапката, не е прекршена“, рече министерот Андоновски.
Иако истражил чија е компанијата, Андоновски нагласи дека како министер нема законска можност или простор за истражување на контактите на секој од 150 вработени во министерството и нивниот однос со приватни компании.
Државната секретарка Андоновски вели дека не учествува во ниту една фаза од постапките за јавна набавка, па од тука нема судир на интерес, но ги повика институциите да истражат.
Објасни дека не го оштетил, туку му заштедил да министерството со изборот на компанијата.
„ Лага број еден на СДСМ е дека договорот е на сума од 2.5 милиони денари.
Постигната е цена од 1.531.927,00 денари, која е за скоро 40% поевтина од планираната сума за јавната набавка од 2.500.000,00 денари. На тој начин, заштедени се околу еден милион денари (16 илјади евра) пари на граѓаните. Предвидените производи се навремено и квалитетно испорачани при преселбата на Министерството. При дополнително направена анализа, направени се заштеди од 10% до 45% по производ споредено со пазарните цени, нешто што никогаш не било случај во време на владеењето на СДСМ. И втората набавка, за проект кој СДСМ го блокираше, е мала набавка од 500 илјади денари во која исто така се постигнати пониски цени од пазарните за до 40%. “, објасни министерот Андоновски.
Тој најави тужба за келвета против СДСМ доколку не му се извинат за сит енапади изминативе недели.
„На крај дозволете да кажам нешто лично. СДСМ со недели не престанува да ме навредува, омаловажува, лаже за мене и моето семејство. Ги повикувам за изнесените невистини и лаги и на денешната прес конференција да се извинат. Во спротивно, го задржувам правото и можноста да побарам нивна одговорност за навреда и клевета пред судовите во Македонија. Истто не го правев досега, но веќе со тенденциозноста на нападите ме предизвикуваат тоа да го направам“, рече министерот Андоновски.
СДСМ денес обвни дека во министерстовто со кое раководи Андоновски, а државна секретарка е Гордна Клинчарова, тендери добива нејзиониот сопруг, Мартин Клинчаров.