САД се соочуваат со голем хакерски напад врз сајбер мрежите на американската влада и врз неколку приватни компании. Американската влада потврди дека се работи за „голем и долг“ кибер напад против нејзини мрежи, од страна на хакери за кои се верува дека работат за Русија и кои според првичните информации го следеле испраќањето на имејлови во Министерството за финансии на САД.

Американските медиуми повикувајќи се на свои извори изразија загриженост дека откриениот кибер напад може да биде само „врвот на ледениот брег“, односно дека се работи за континуирани хакирања на американски доверливи ифнормации кои во иднина можат разузнавачки да бидат злоупотребени и со тоа да се загрози американсата национална безбедност.

Оваа разузнавачка афера се смета за една од најголемите разузнавачки пропусти во историјата на САД, по 11 септемвриските настани и убиството на шефот на ЦИА во Авганистан 2010. Нападот многумина во САД пред се за медиумите и одредени конгресмени беше оценет како објавување војна. Обвинетата Русија засега не реагираше на овие обвинувања, односно ниту потврди ниту пак ги негираше обвинувањата.

Идентично ниту претседателот во заминување Доналд Трамп или пак некој од неговиот кабинет засега не се произнесе за оваа, очигледно голема разузнавачка афера. Она за што се зачудени американските медиуми е дека ниту националната федерална агенција за безбедност, НСА не се произнесла околу овие сајбер напади, ниту пак објави колку и какви евентуални податоци се украдени во нападот. Одредени претставници на трамповата администрација признаа дека се загрозени неколку сојузни агенции Стејт департментот дел од националната безбедност, делови на Пентагон како и трезорот на министерството за трговија.

Се уште, според американските медиуми се утврдува степенот на загрозеност од хакерскиот напад на разузнавачката заедница и нуклераните лаборатории. На оваа тема реагираше новоизбраниот американски претседател Џо Бајден кој вети дека ќе преземе цврста акција против големата кибер-операција за шпионирање на американски институции, што предизвика загриженост во федералната влада во услови на молк на актуелниот претседател во врска со руската провокација.

„Мојата администрација ќе ја направи кибер безбедноста главен приоритет на секое ниво“, нагласува Бајден во изјавата. „Справувањето со таа закана ќе го направиме врвен приоритет од моментот кога ќе ја преземеме функцијата“. Тој додаде дека им наложил на советниците на неговиот преоден тим „да анализираат што е можно повеќе за нападот“ и им оддаде почит на официјалните лица кои ги испитуваат федералните мрежи за да утврдат колкава е штетата од хакерските напади.

Сличен разузнавачки пропуст се случи и во време на администрацијата на претходникот на Трамп, Барак Обама кога кинески хакери извршија сајбер напад во кој успеаја да украдат лични податоци заедно со отисоци од прсти за околу 22,5 американски државјани кои беа чувани во слабо заштитените системи во оделението за внатрешни рабои на САД.

Дека во моментов трае голем и долг хакерски напад се покажа и изминативе денови кога речиси во сите држави во светот дојде до колапс на најпопуларната социјална мрежа Фејсбук кој повеќе од половина ден не функционираше.

Само два дена подоцна пад на својата мрежа имаше и најголемиот интернет пребарувач Гугл и неговиот сервис ЈуТјуб што само ја потврди веродостојноста на информациите дека нешто се случува во глобалната интернет мрежа. Во недостиг на официјални ифнормации може само да се констатира дека мандатотот на престедателот Трамп завршува во ист стил како што и започна, со наводно руско мешање , и обвинувањата дека можеби нешто знае за руските напади.