„Вкупната количината на топлина што се троши во Скопје е 500-510 гигават часови. Митилинеос ќе произведува 275. Во моментов Те-То произведува 280, а околу 220 топланите, при што цената на топланите е два пати повисока од таа на Те-То. Цената на Те-То, што ја утврдила Регулаторната комисија е 2,3 денари, а на топланите е 5,3 денари“ рече директорот за развој и инвестиции на ЕСМ,Виктор Андонов во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Тој додаде дека кога цената на топланите од 5,3 денари, ќе се замени со 2,3, ќе се намалат сметките за парното во Скопје.
„Ваквите електрани се поефикасни од топланите, бидејќи произведуваат и струја и топлина. Таа цена што ја плаќаме за топланите 5,3 денари, сега ќе биде 2,3. Кога ќе влезе во целиот систем, сметките за струја ќе се намалат за над 60 проценти“ објасни Андонов.
Тој рече дека дополнително со инвестицијата на Митилинеос се обезбедува и постојано греење за скопјани, за да не се случи ситуација како таа со БЕГ, што поради покачувањето на цената на гасот, скопјани останаа без топлинска енергија.