„Има информации дека Мицкоски редовно комуницира со Руска амбасада. А тие на членови на ВМРО-ДПМНЕ им зборуваат против Мицкоски и ги насочуваат кон Апасиев“ изјави Оливер Андонов во емисијата на Васко Ефтов.

Тој додаде дека Мицкоски треба на јавноста да ѝ покаже со кои фирми договарал набавка на јаглен од Индонезија.

„Ние можеме да увеземе нафта од други места, но не од Русија и други сателити на Русија“ рече Андонов.

Тој додаде дека имал средба со претставници од Руската амбасада во мај 2017 година кога, како партија, одбиле помош за останување на Власт.

„Во ноември 2017, после поразот на локалните избори, повторно седнав со Русите и ми кажаа дека веќе не давале поддршка на Груевски бидејќи политички бил мртов. Сфаќам дека не’ сработија Русите“, рече Андонов