Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше исклучен во 2018-та година вели дека за државата е добро што Мијалков се вратил во Обвинителството. Воедно додава дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба нов лидер кој има харизмна. Тој ова го изјави во гостувањето на Студио 10 на Телевизија 24.

-Најдобро за сите е што Мијалков се врати во Обвинителство. Ова покажа дека политичарите треба да имаат одговорност. Самиот Мијалков сам ќе каже зошто го немало, но оваа показна вежба треба да поттикне сите да се преиспитаме. Граѓаните ја губат довербата во институциите. Има некоја утеха во цела работа, но треба добро да се размисли. Нормално е опозицијата да ја напаѓа власта, мислам само дека нивото треба да се подигне на двете страни. Јас сум еден од оние кои бараат смена на Мицкоски, има многу аргументи, но по толку загуби и негативни ситуации, мора да даде оставка. Треба нов лидер со харизма,  вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.