Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој во 2018-та година беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, најавува дека ќе се кандидира за лидер на партијата доколку Христијан Мицкоски му се изгласа недовербна на вонредниот конгрес закажан за 28-ми март од страна на Иницијативниот одбор.

-Овој конгрес што го закажа Иницијативниот одбор е само за изразување доверба или недовреба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Ако се изгласа недоверба за Мицкоски, тогаш треба да се свика нов конгрес, на кој ќе се пријават кандидати за нов лидер на партијата. Секој има право да се пријави и со своја програма да излезе пред делегатите“, вели за Фактор Митко Јанчев.