Малку е познато дека во летото 2013 година, менаџерот во заминување на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон сакаше да биде наследен од тогашниот тренер на ПСЖ, Карло Анчелоти.
Проблемот беше во тоа што италијанскиот стручњак веќе имаше договор за преземање на клупата на Реал Мадрид на крајот од сезоната. Тој за тоа зборуваше на прес-конференцијата пред дуелот со „неговиот“ Евертон против Јунајтед во четвртфиналето од Лига купот.
– Дали сакате да ја знаете мојата верзија на приказната? Можам да ви кажам дека имав фантастичен однос со Сер Алекс Фергусон и се запознавме кога тој одлучи да се повлече, но јас бев поблизу до Реал Мадрид – рече Анчелоти.
Токму во неговата дебитантска сезона со Реал ја освои Лигата на шампионите, додека Јунајтед, предводен од Дејвид Мојс, ја почувствува суровоста на животот на „Олд Трафорд“ по Фергусон.
Вториот дуел на Евертон и Јунајтед оваа сезона на „Гудисон“ ќе се одигра вечерва од 21.00 часот. Пред помалку од два месеци „црвените ѓаволи“ рутински славеа со 3:1 во првенствената пресметка.