Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој попладнево е осуден на 6 години и 3 месеци затворска казна за случајот „27 април“ кој се поведе против него, Вељановски, Ристовски, Груевски, Бошковски и Атанасовски како организатори на упадот во Собранието, побара да ефективниот притвор да му се замени со куќен притвор. Ефективен притвор бара Обвинителството.

-Секој што влегува во мојата зграда се проверува по бегството на Сашо Мијалков. Не е човечки да бидам пак однесен во Шутка и назад. Три години ме шетате Шутка, дома, дома Шутка. Ова е играње со човечки судбини – рече Јанакиески.

Поранешниот министер за транспорт и врски е осуден или осомничен и обвинет во уште неколку случаи кои ги отвори поранешното СЈО, а сега се преземени од Основното јавно обвинителство.