Миле Јанакиески, ги заокружи неговите завршни зборови во случајот за организацијата на „27 април“ каде е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Јанакиески на крајот од завршните зборови го прокоментира и денешното поднесување на обвинението за двокатните автобуси против него и уште четири други лица, што смета дека намерно е темпирано за денеска за да го дефокусира и да не ја каже вистина за 27 април.
„Јас сум единствен човек од 45 година наваму за кој во исто време се водат 8 кривични постапки. Ова ми беше напишано пред да влезам во оваа сала, но за жал денес, неколку минути обвинителството ми достави и 9-то обвинителен акт. Тоа јас го ценам како демонстрација на сила и една честитка за целосно да ме дефокусира и да ја кажам вистината за овој настан. Пет години се водеше таа истрага, денеска неколку минути пред да ги започнам завршните зборови се пушти соопштение дека е поведено обвинение“, рече Јанакиески.