Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ ретко зборува за својот приватен живот, а сега во емисијата „Sportlight“ откри како таа и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер ги воспитуваат синовите Леон и Лука.
„Јас стојам на ставот дека моите деца нема да имаат „iPad“, „ iPhone“ и дека нема да гледаат телевизија, едноставно ништо не се гледа во нашата куќа. Ги стимулирам многу да читаат, да работат. Не е секогаш лесно да се организира еден ден, особено кога немате можност да ја напуштите куќата, но јас се обидувам да бидам креативна во сето тоа“, изјави Ана за „Sportlight“.
„Не гледам телевизија, не сум на „iPad“, добро, мора да имам телефон. Навистина, не трошам многу време на електронски уреди. На децата им треба љубов. Децата се иднината. Не им требаат многу играчки, материјални работи, колку што им треба внимание и љубов, а само родителите можат да ги обезбедат тие работи на вистински начин “, Ана.
Многу родители треба да се угледаат на примерот на Ана и да им посветат повеќе љубов и внимание на своите деца.