Слика на поранешниот британскиот премиер Винстон Черчил кој ја насликал за време на Втората светска вона, која до неодамна беше во сопственост на Анџелина Џоли е продадена за 7 милиони фунти на аукција во Лондон, пренесува „Би-Би-Си“.
Подажната цена била скоро четири пати поголема од најголемата проценка во претпродажба и го надмина претходниот рекорд за слика на Черчил, што беше нешто помалку од 1,8 милиони фунти.
#AuctionUpdate A new #WorldAuctionRecord for Sir Winston Churchill with ‘Tower of the Koutoubia Mosque’ (1943) selling for £8,285,000. This is the only painting created by Churchill during the Second World War: https://t.co/JCBvGaFShW pic.twitter.com/iZMumvmwp2
— Christie’s (@ChristiesInc) March 1, 2021
Сликата „Кулата на џамијата Кутубија“, е пејзаж насликанн во Мароко за време на Втората светска војна. Ова уметничко дело е создадено по конференцијата во Казабланка во 1943 година каде што Черчил и тогашниот американски претседател Френклин Д. Рузвелт планирале напад врз нацистичка Германија. Потоа Черчил му ја подарил сликата на Рузвелт.
Делото на крајот се најде во рацете на актерката Анџелина Џоли откако Бред Пит ја купи сликата во Њју Орлеанс во 2011 година и ѝ ја подари.