Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа за два дена го продолжи рокот за усвојување на Законот за помош на бројните владини агенции, што завршуваше ноќеска на полноќ, што значи дека владините агенции засега нема да останат без пари.

Британските медиуми јавуваат дека законот, меѓутоа, сега треба да мине и во Сенатот и потоа да го потпише претседателот Доналд Трамп.

Конгресмените се надеваат дека дводневното продолжување на рокот ќе им даде време на лидерите на парламентарните групи да постигнат договор за економска помош од 900 милиони долари за коронавирусот и 1,4 милијарди долари за буџетите на владините агенции во 2021 година.