Откако поранешниот претседател Доналд Трамп ја блокираше на „Твитер“ во 2017 година, Криси Тајген овојпат ги зеде работите во свои раце кога станува збор за новиот претседател на Америка, Џо Бајден.
Имено, таа и нејзиниот сопруг Џон Леџенд го поддржуваа Бајден за време на кампањата, па дури и присуствуваа на инаугурацијата во Вашингтон, а Леџенд имаше и свој вирутелен концерт.
Само еден месец откако го замоли да ја заследи на социјалните мрежи, и Бајден ѝ ја исполни желбата, моделот направи радикален пресврт – сега, сосема неочекувано, таа побара „крај“ на нивната виртуелна соработка!
Многумина заклучија дека Криси очигледно чувствува дека не може да го покаже своето вистинско лице знаејќи дека нејзините често „скокотливи“ објави ги чита и првиот човек на државата од неговиот профил „@POTUS“ на „Твитер“.
I have tweeted a handful of times since my treasured @POTUS following. In order for me to flourish as me, I must ask you to please lord unfollow me. I love you!!! It’s not you it’s me!!!!
— chrissy teigen (@chrissyteigen) February 23, 2021
„За да бидам вистинската јас, морам да ве замолам да ме отследите! Но ве сакам!!! Не е до вас, до мене е!“, напиша Тајген на социјалната мрежа, а кратко потоа Бајден ја отследи.
Моделот веднаш објави дека бројот на луѓе што ги следи претседателот од 13 се намалил на 12.
bitch fuck shit suck the d I am FREE!!!!!!!!!!!!
— chrissy teigen (@chrissyteigen) February 23, 2021
„К*чко, е*и се и п*ши к*р, слободна сум!!!!!!!!“, се пишегува Криси и ги насмеа обожавателите со смешната рекација, покажувајќи дека сега може слободно да се изразува.
Нејзините обожаватели веднаш почнаа да коментираат под нејзините објави, сметаат дека манекенката веројатно се срамела да пцуе и да пишува како порано и затоа го замолила Бајден нз