
Американскиот милијардер Џеф Безос денеска патуваше во вселената со леталото на неговата компанија Блу Ориџн. Со него патуваа брат му Марк, потоа 82-годишната Воли Фанк и 18-годишниот студент, Оливер Даемен. „Блу Ориџин“ беше основана пред 21 години со единствена цел – да нуди и организира вселенски патувања. По денешната успешна акција, се очекува да почне продажбата на билети, но компанијата сè уште не ги објави цените. Џеф Безос е сопственик на Амазон, компанија за онлајн продажба и е еден од најбогатите луѓе во светот.