Американскиот гигант во онлајн трговијата Амазон оствари во четвртото тромесечие минатата година најголем квартален приход досега, кој првпат ја надмина границата од 100 милијарди долари.

Компанијата во својот извештај од работењето наведува дека во периодот од октомври до декември 2020 година забележала приходи од 125,56 милијарди долари, благодарејќи на празничните пазарења и онлајн нарачки поради пандемиските мерки за ограничено движење на луѓето.

Кварталната добивка е двојно поголема од прогнозата на аналитичарите и изнесува 14,09 долари по акција. Компанијата Рефинитив, која се занимава со собирање и продажба на финансиски информации, предвиде дека добивката ќе изнесува 7,23 долари по акција.