Американскиот Центар за контрола и превенција на болести не забележал дека постои врска помеѓу миокардитис, воспаление на срцевиот мускул и вакцините против коронавирусот, објави денеска директорот на ЦДЦ, Рошел Валенски.

– Не видовме никаков знак, а всушност имавме намера да бараме знак меѓу повеќе од 200 милиони дози што ги дадовме – рече Валенски на брифингот со новинарите.

Таа додаде дека ЦДЦ е во контакт со Министерството за одбрана на САД поради истрагата на 14 случаи на миокардитис, дијагностицирани кај луѓе кои биле вакцинирани преку воените здравствени служби, пренесе Ројтерс.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.