Стивен Бранденбург, американскиот лекар кој минатиот месец уништи стотици дози на вакцини против коронавирусот е теоретичар на заговори и верува во гласини дека вакцината не е безбедна, соопштиле властите.
Лекарот извадил 57 шишенца од вакцината Модерна, од која секоја содржи 10 дози, од фрижидерот во Медицинскиот центар Аурора во Графтон во државата Високонсин, со желба да ги уништи бидејќи погрешно верувал дека вакцината е опасна и може да ја промени човечката ДНК.
Вакцините на Модерна и Фајзер се базирани на технологијата РНК која доставува информации до човечкото тело во протеините на вирусот за да помогне во создавање на антитела против коронавирусот. Експертите велат дека нема докази кои би сугерирале менување на човечката ДНК, а милиони луѓе веќе ја добиле оваа вакцина.
За нивно складирање е потребна многу ниска температура и во спротивно можат да бидат уништени, што Бранденбург се обиде да го направи во два обиди, изјави обвинителството во понеделникот за време на неговото прво појавување пред судот, пренесува Јутарњи.
Бранденбург на почетокот рекол на управата од болницата дека вакцините се случајно извадени од фрижидерот, но подоцна признал дека намерно ги оставил надвор. Тој исто така признал дека извадените вакцини, кои со тоа се онеспособени, ги вратил во фрижидерот, па со нив подоцна биле вакцинирани 57 лица.
Лицата се известени и нема докази дека вакцините им наштетиле.
Лекарот е отпуштен и болницата ги известила властите, вклучувајќи ги и ФБИ, а уапсен е од минатиот четврток.
– Бранденбург, теоретичар на заговори, рекол на истражувачите дека верува дека вакцината против ковид-19 не е безбедна за луѓе, дека може да им наштети и да има ја промени ДНК, се наведува во полициската изјава за веројатниот мотив кој го објавиле локалните медиуми.
Обвинителството соопшти дека обвиненијата против него може да бидат олеснети ако се утврди дека вакцините и понатаму може да се користат.
Брандебург е пуштен со кауција и наредено му е да го предаде оружјето.
Извор: Телеграф.рс