
Крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави соопшти дека запленила „импресивни количества кокаин и канабис во вредност од приближно 1,4 милијарди долари за време на неколку операции на Флорида“.
„Ова е најголемото истоварување на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража, рече командантот Стивен Полин.
Тој прецизира дека станува збор за околу 27 тони кокаин и речиси 650 килограми канабис.