Амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Мари Брнз, во интервју за Гласот на Америка изјави дека е многу среќна што Законот за попис поминал во Парламентот, особено бидејќи добил поддршка од два опозициони партнери и владината коалиција.
„Ова е важен чекор. Северна Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот на водење на политиките, бидејќи точните податоци за населението се важен дел во планирање на иднината. Очекуваме дека Владата ќе осигура пописот да го направат професионалци, што ќе обезбеди информации кои ќе ѝ помогнат на државата во однос на иднината“, истакнува Брнз.
Таа побара Скопје и Софија да ги продолжат билатералните разговори на конструктивен начин и на соодветен начин и во интерес на двете држави.