Популарната американска блогерка и авторка Сузана Б. Луис изводи десет знаци по кои може да се препознаат незрели жени со кои е тешко да се биде во брак. Инспирирната од објаснувањето дека „бракот е тешка работа“ таа наведува десет особини на жените со кои е тешко да се биде во брак иако смета дека и мажите знаат да ја направат врската тешка за одржување.

  1. Сакаат да прават драми

Луис верува дека претераното реагирање и лутење поради мали нешта, како што е облеката оставена на подот, создаваат непотребна тензија.

„Важно е во бракот да ги изберете вашите битки и да не ја претворате секоја мала работа во драма бидејќи таквото однесување е исцрпувачко за сите вклучени на долг рок“, вели таа за „Јуартанго“.

  1. Не простуваат

Грешките се неизбежни во долгорочна врска, но постојаното повторно навраќање на старите проблеми откако веќе е кажано простувањето ја продлабочува фрустрацијата.

Простувањето без вистинско отпуштање на минатото, Луис верува, дека ја напрега врската.

  1. Наредби

Луис смета дека потребата од постојана контрола и управување со партнерот ја нарушува рамнотежата во бракот.

На возрасните партнери не им треба надзор или постојани инструкции за тоа како да направат нешто.

  1. Несигурност и откривање на приватни работи

Споделувањето на приватните проблеми на партнерот со други или на социјалните мрежи, според Луис, претставува сериозно кршење на довербата.

Таквото однесување создава нови конфликти и отуѓување на долг рок.

  1. Постојано жалење

Постојаните критики и додевања, дури и кога започнуваат како добронамерно потсетување, брзо стануваат заморни.

Овој начин на комуникација, Луис вели дека создава отпор наместо разбирање.

  1. Потребата секогаш да се биде во право

Отфрлањето на мислењата на партнерот и верувањето дека сопствените идеи се секогаш најдобри покажува затвореност, смета Луис.

Бракот бара компромис и подготвеност да се почитува туѓата перспектива.

  1. Лоша комуникација на потребите и желбите

Очекувањето партнерот да „знае“ што сака или што ѝ треба на другата страна честопати води до разочарување.

Јасната и директна комуникација, според Луис, е основа на здрава врска.

  1. Одбивање да се извините

Непризнавањето на вашите грешки и избегнувањето на извинувањата создава чувство на супериорност и неправда.

„Ако знаете како да се извините, тоа е знак на емоционална зрелост“, вели авторката.

  1. Прекумерна контрола врз вашиот партнер

Иако е нормално да се грижите за вашиот партнер, Луис предупредува дека постојаното следење, испрашувањето и потребата да се гледа секој потег на вашиот партнер може да стане товар и да го направи бракот потежок отколку што треба да биде.

  1. Незрелост

На крајот на краиштата, Луис вели дека испадите на бес, тврдоглавоста, одбивањето да се извините, недостатокот на комуникација и потребата да се контролира сè укажуваат на незрелост.

„Лошите бракови не секогаш се резултат на големи престапи, туку често затоа што врската станува премногу тешка – понекогаш токму поради однесувањето на партнерите“, заклучува таа.

Текстот Американска блогерка и авторка издвои десет особини на жените со кои невозможен брак е превземен од МАКФАКС.