Две Американки од државата Флорида се маскирале во стари жени со цел преку измама да ја добијат втората доза вакцина, пренесуваат американските медиуми.
Како што соопшти Канцеларијата за јавно здравје на округот Оринџ во Флорида, жени на возраст од 44 и 34 години пристигнале на местото на вакцинација носејќи капи, ракавици и очила за да ги прикријат своите години.
Видео кое се прошири на социјалните мрежи и медиумите покажува како полицаец им зборува на жените за неморално однесување.
Директорот на Канцеларијата за јавно здравје во округот Оринџ, д-р Раул Пино на прес-конференција рече дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Но, не биле во можност да ја добијат втората доза, бидејќи здравствените работници на местото на вакцинација се посомневале во исправноста на нивните лични документи.
Здравствените власти не знаат како тие успеале да ја земат првата доза на вакцината и дали и тогаш се маскирале.
Полицијата во округот Оринџ потврди за CNN дека здравствените власти ги повикале да издадат предупредување за жените чии датуми на раѓање од личните документи не се совпаѓаат со оние што ги користеле за да се регистрираат за вакцинација. Имињата, сепак, биле исти.
NEW: @OrangeCoSheriff put out video of the women accused of posing as “grannies” in order to get vaccines at the convention center. They were trespassed but not arrested. Story we’re updating: https://t.co/x4yeY1jj5q pic.twitter.com/IG6qqjAquS
— Jeff Weiner (@JeffWeinerOS) February 19, 2021
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.