САД го извршија својот 20-ти напад врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на функционер од Министерството за одбрана.
„Во нападот на Карибите загинаа четворица наркотерористи, а нема преживеани“, го цитираше Си-Ен-Ен функционерот. Пентагон не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
Досега, 80 лица се убиени во американските напади врз бродови за кои се верува дека се користат за трговија со дрога во Карибите и крајбрежјето на Пацификот во Латинска Америка.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги нарече членовите на екипажот на бродовите терористи, кои се одговорни за илјадници смртни случаи во Соединетите Држави преку трговија со дрога. Владата на САД не ја откри правната основа за својата одлука за напад врз бродовите.
Државниот секретар Марко Рубио одговори на критиките од некои сојузници на САД за легалноста на нападите, велејќи дека Европејците не можат да диктираат како Вашингтон ја брани својата национална безбедност.
фото: принтскрин
Текстот Американците погодија брод во Карибите: „Четири нарко-терористи убиени“ е превземен од МАКФАКС.























