Љубителите на италијанската паста во САД би можеле наскоро да се соочат со драстично поскапување – цената на тестенините може да се удвои поради предложена царина од 107 проценти на увозот од Италија.

Министерството за трговија на САД започна антидампинг истрага по жалби од домашни производители. На удар се неколку водечки италијански брендови, меѓу кои, а конечните резултати ќе бидат објавени до 2 јануари 2026 година.

Италијанските компании тврдат дека царината е „несоодветна и политички мотивирана“.

„Со толку високи давачки, нашите производи нема да можат да стигнат на американскиот пазар“, предупреди Маргерита Мастромауро од здружението Унионе Италијана Фуд.

Според земјоделската организација „Колдирети“, ваквата мерка би ја дуплирала цената на чинија тестенини за американските семејства и сериозно би ги погодила италијанските производители.

Текстот Американците би можеле да плаќаат двојно поскапи италијански тестенини е превземен од МАКФАКС.