САД се уште имаат најмоќна армија во светот, а второ рангирана е руската восјка, покажува истражувањето на Global Firepower, која секоја година ја мери моќта на војските на 139 земји во светот.
Американците над 740 милијарди долари за војската, додека Русија има неспредливо помал воен буџет од 42 милијарди долари.
САД успешно ги исполнија критериумите на модерна воена сила со својот гигантски, иако делумно надуен воен буџет, обемна инфраструктура, огромна работна сила во војската, морнарицата, воздухопловните сили и маринците и голем број потенцијални регрути, пишува американскиот весник Нешнл интрест (National Interest) .
На пример, САД имаат убедливо водство во воздухопловството, со вкупно 12.233 воени авиони наспроти 4.144 руски – повеќе од три пати. САД имаат предност и во борбените авиони – 1956 наспроти 789 руски, како и во воените хеликоптери – 5436 наспроти 1540 руски.
Русија сè уште има голема предност во бројот на тенкови – 13 илјади во споредба со 6.100 американски. Во вкупниот број на оклопни возила, САД се уште се подобри, со 40 илјади во споредба со 27.100 руски. Иако Русија има поголем вкупен број на воени бродови – 603 наспроти 490 американски, САД имаат дури 11 носачи на авиони, што е клучен елемент на нејзината морнарица, додека Русија има само еден – кој во моментов е неактивен затоа што е на поправка .
Третата најсилна воена моќ во светот е Кина, која не заостанува многу зад Америка и Русија. Нејзиниот буџет за одбрана, во износ од 178 милијарди долари, е помал од американскиот, но значително поголем од рускиот.
Кина, има 3.260 воени авиони, од кои 1.200 се борбени авиони, потоа 35.000 оклопни возила, од кои 3.205 се тенкови и 777 воени бродови, од кои два се носачи на авиони.
„Борбената моќ на кинеската морнарица се зголеми за трипати за само 20 години. Иако веќе ја има најголемата морнарица во светот, Кина гради модерни површински бродови, подморници, носачи на авиони, борбени авиони, амфибиски пловни објекти, подморници со балистички нуклеарни ракети, големи бродови за крајбрежната стража и кршачи на мраз“, се вели во извештајот на американската морнарица од декември минатата година.
Според индексот на Global Firepower моќни војски имаат и Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, и Бразил.