Откако следбениците на Доналд Трамп упаднаа во Капитол, социјалната мрежа „Твитер“ трајно го отстрани неговиот профил, обожавателите на култниот филм „Сам дома 2“ решија да дадат се од себе во борбата против Трамп, барајќи дигитално да се отстрани од филмот.
Од „Твитер“ објаснија дека одлуката да се отстрани профилот на претседателот во заминување е поради големата можност дека ќе ги охрабрува луѓето да продолжат со немирите во Вашингтон.
Од друга страна, не е јасно што сакаат да постигнат обожавателите на филмот со фактот дека сакаат да се отстрани Трамп кој се појавува во неколку сцени во „Сам дома 2“, но тоа е нивната концизна желба.
Режисерот Крис Колумбос еднаш изјави дека наскоро поранешниот претседател на Америка „насилно“ се наметнал во филмот.
Инаку, Трамп го имал тоа барање за сите филмови кои биле снимени во која било од неговите недвижнини.
Ова не е прв пат Трамп да биде отстранет од филм. Канадската „CBC“ пред две години отстрани осум минути од филмот, вклучувајќи ја и оваа сцена.
Да потсетиме, покрај „Твитер“, на Трамп му беше забранет пристап до своите профили на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, а ограничувањата може да се повлечат на 20 јануари, откако Бајден ќе биде инаугуриран за 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави.