Познатиот американски актер Двејн Џонсон, попознат како „The Rock“, призна дека со задоволство ќе размисли за неговата кандидатура за претседател на САД во иднина, поради желбите на неговите бројни обожаватели.
Најпознатиот холивудски актер гостуваше во емисијата „USA Today“, а со неговата изјава ги израдува неговите фанови кои посакуваат да го видат како претседател:
„Сум размислувал да се кандидирам за претседател во иднина, ако тоа е она што луѓето навистина го сакаат. Навистина го мислам тоа и во никој случај нема да го променам мојот одговор … Па така, чекав и слушав. Би го држел прстот на пулсот, а увото на земја“, рече Двејн.
Џонсон во минатото разговараше за „реалната можност“ да се кандидира за претседател, откако слушна дека голем број од неговите фанови и пријатели сакаат да влезе во политиката.
„Во еден момент сериозно се замислив на оваа тема, што ме натера дополнително да размислувам. Дозволете ми навистина да се преиспитам и да се осигурам дека ќе дадам соодветен одговор“, изјави Двејн.
Џонсон, кој е регистриран како политички независен, неодамна го поддржа претседателот Џо Бајден за време на неговата претседателска кандидатура во 2020 година.