САД на Украина ќе и испратат против-ракетниот одбранбен систем „Патриот“ попознато како едно од најмоќните дефанзивни оружја на Америка, но и во светот. Ова беше заклучено и ветено од Бајден на вчерашната средба со Володомир Зеленски во САД.

„Би сакале да не треба да се користи“, изјави Бајден за напредниот систем на противвоздушна одбрана повикувајќи ги Русите „да ги сопрат нападите“.

Зеленски кажа дека системот „патриот“ е важен чекор кон формирањето ефикасен воздушен штит од руските напади. „Тоа е единствениот начин терористичката држава да ја лишиме од нејзиниот главен инструмент на терор – способноста да ги гаѓа нашите градови, нашата енергија“, кажа тој.