Белата куќа соопшти дека може да ги решат безбедносните проблеми кои би можеле да ги имаат Шведска и Финска ако решат да влезат во НАТО.
„Убедени сме дека може да најдеме решение за сите проблеми што би можеле да ги имаат државите при членство во НАТО“, соопштија од Белата куќа.
Шведска и Финска се загрижени дека во текот на процесот на аплицирање, кој може да потрае една година, бидејќи е потребна согласност од сите триесет членки на НАТО, не би можеле да се одбранат од можните обиди на Русија да ја загрози нивната безбедност.
Се очекува до крајот на месецов да донесат одлука дали ќе аплицираат за членство во НАТО.