Конгресот на САД го усвои закон за помош поради кризата со коронавирусот, вреден повеќе од 900 милијарди долари, јави ДПА, потсетувјќи дека на законот се чекаше повеќе месеци, а со кој ќе им се даде помош на најпогодените од корона-кризата.

Новиот пакет помош ќе обезбеди 300 долари помош за невработените на неделно ниво, потоа еднократна помош од 600 долари за сите американски граѓани, а бенефит ќе имаат и компаниите кои беа најтешко погодени од пандемијата, како и училиштата и некои други државни институции. Во рамки на овој пакет помош, предвидени се околу 275 милијарди долари за помош на малите бизниси, меѓу кои се кафулињата и рестораните, кои се меѓу најтешко погодените од кризата.

Законот вчера беа усвоен во Претставничкиот дом, а веднаш потоа и во Сенатот. Сега се чека само уште потписот на претседателот Доналд Трамп.

Стивен Мнучин, министер за финансии на САД, изјави дека исплатите за милиони Американци од новиот пакет мерки можат да пристигнат идната недела.

Во првиот пакет мерки изгласан при крајот на март 2020 година, директните исплати започнаа да пристигаат две неделе после донесувањето на законот, а за многу Американци тие исплати доцнеа со месеци.

Поконкретно, вториот пакет мерки вклучува еднократна парична помош од 600 долари (двојно помалку од онаа во пакетот мерки изгласан во март) за секој Американец со годишна плата под 75.000 долари годишно. За семејствата со деца под 18-годишна возраст исплатата е исто така по 600 долари од дете. Невработените лица ќе продолжат да примаат исплати, но, двојно помалку, или 300 долари неделно. Вклучена е помош и за малите бизниси, авиокомпаниите, пари за дистрибуција на вакцините и низа други мерки.

Според Мнучин, пакетот мерки е „извонреден“ и ќе им помогне на САД да излезат од економското заздравување посилни.

Во законот е предвидена помош и за транспортниот сектор како Амтрак (американски железници), 82 милијарди долари помош за школите, 20 милијарди долари за дистрибуција на вакцините и 13 милијарди за други и трошоци и за боновите за исхрана.