Европратеникот од редовите на ВМРО, Ангел Џамбаски, со остра реакција на вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев во Грција дека проблемот со Бугарија бил смешен и непостоечки. Џамбаски го обвини Заев во лицемерие, бидејќи Грците до вчера биле најголемите непријатели на Македонија а сега се стратешки партнери.
„РС Македонија труби насекаде колку важни за неа се европските вредности и за земјата нема друг пат освен патот за Брисел. Веќе секој знае дека непочитувањето на Договорот со Бугарија од страна на политичкиот апарат во Скопје и неисполнувањето на условите на Софија го донесе со себе стопирањето на нивните преговори за влез во ЕУ. Тоа од своја страна создаде притисок во Европа, поради активното барање на лобисти за нивната кауза. Не поплавија бранови од изјави на историски и политички неподготвени политичари, што го прифатиле проширувањето на ЕУ многу сериозно. И со целата таа позадина на некој му е смешно. Тој некој го нарекува проблемот меѓу РС Македонија и Бугарија „смешен“, „непостоечки“, „необјаснив“. Тој смешко е македонскиот премиер Зоран Заев, којшто плачеше низ цел свет дека со стопирањето на преговорите на РС Македонија од страна на Бугарија, Софија постапува недостојно. Ако „смешниот“ проблем е непостоечки, зошто Заев повторува една иста мантра дека идентитетот и јазикот нема да се недопирливи. Ако има нешто смешно во целата таа ситуација, тоа е однесувањето на Заев и истото не прилега на неговата функција. Забавата на Заев во Атина е додатно гарнирана со непријатно лицемерие од највисок ранг. До вчера Грците беа да не речам злосторници на македонскиот народ, заради тоа што бараа РС Македонија да го смени своето уставно име како услов за влез во НАТО, денес г. Заев ја објавува Грција за стратешки партнер на РС Македонија и прави обиди да ја претвори Грција во лобист кој што ќе врши притисок врз Бугарија. Толку подло, толку заевски.
Ќе си дозволам да се обратам кон господинот Заев и се надевам дека ќе ме чуе. Исполнете ги условите на Бугарија, ве уверувам дека и ние ќе станеме стратешки партнери на РС Македонија, но на братска Македонија, со разумни политичари за кои што зборот добрососедство се уште значи нешто. И не заборавајте Македонија е Бугарија“, пишува на социјалната мрежа Facebook европратеникот Џамбаски.