Амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија, Фатих Улусој, упати срдачна честитка до информативниот портал Тајм Балкан по повод неговата 10-годишнина, истакнувајќи ја важноста на медиумите во зајакнувањето на билатералните односи и културната поврзаност меѓу двете земји.
Во писмото упатено до Главниот уредник Сејид Емин, амбасадорот Улусој нагласи:

„Медиумите, кои претставуваат еден од најважните елементи во односите меѓу нашата земја и Северна Македонија, во согласност со барањата на глобалниот свет, значително придонесуваат за надминување на физичките дистанци меѓу нашите општества.“

Тој ја пофали улогата на порталот Тајм Балкан во информирањето на турската заедница во Северна Македонија преку објавување вести на турски јазик:

„На овој начин, Тајм Балкан придонесува за одржување на силната комуникација меѓу нашите земји, потпирајќи се на нашата заедничка историја, култура и чувствата на братството што ги негуваме со векови.“
На крајот од честитката, Улусој упати лична порака до г. Емин и неговиот тим:„Од срце Ви честитам за 10-годишнината на Тајм Балкан, во Ваше име и во името на целото почитувано семејство на овој портал, и ја изразувам мојата длабока благодарност до сите Ваши соработници за оваа вредна работа. Со желба за уште многу успешни децении.“