Амбасадорот на Р. Бугарија Ангел Ангелов заедно со аташето за култура Петар Петров денеска го посетија манастирот „Св Јован Бигорски“.

„Во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот и аташето беа пречекани од нашиот старец и игумен, Епископот г. Пратениј, кој ги запозна гостите со евангелската мисија на нашето братство. На средбата беше разговарано и за моменталната состојба на меѓусебните односи помеѓу двете држави, при што сите ја истакнаа неопходноста од поголемо братољубие, почит и доверба меѓу православните братски народи, согласно христијанската доктрина за љубовта.

Г. Ангелов од своја страна му честиташе на Старецот за хиротонијата во Епископ и му се заблагодари за топлиот пречек, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност“, се вели во соопштението на Бигорски манастир.

Фотографии од посетата можете да погледнете на следниот линк.