Aмбасадорот на Република Бугарија во Р.С. Македонија Ангел Ангелов денеска го посети градот Штип и донираше храна за 30 социјално загрозени семејства, дел од хуманитарната помош што Бугарија ја обезбедува за нашата земја.
Донацијата беше претставена за време на состанокот со новоизбраниот градоначалник на Штип д-р Сашко Николов. Ангелов и градоначалникот на Штип, исто така, размениле идеи за продлабочување на соработката помеѓу бугарската амбасада во Скопје и општинската администрација на Штип, вклучително и во рамките на официјалната помош за развој што Бугарија ја дава на Р. С. Македонија.
Амбасадорот Ангелов ја посети и градинката Астибо во градот, каде се запишани повеќе од 160 деца. Меѓу темите на разговор со директорката на градинката Билијана Трајчевска биле можностите бугарската амбасада да поддржи проект за модернизација на игралиштето во склоп на детската градинка.