Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Меидани, оствари средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во просториите на Амбасадата на Албанија.
Преку објава, амбасадорот Меидани информираше дека средбата се одржала во отворена и конструктивна атмосфера, на која се разговарало за актуелните политички случувања во земјата, регионалните предизвици, економската состојба, како и за значењето на регионалната и европската интеграција како клучни фактори за стабилност и напредок.
Во фокусот на разговорот бил дијалогот насочен кон иднината, со посебен акцент на политичката одговорност и потребата од зрелост и визија во предизвикувачки времиња за регионот.























