Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска беше во посета на Националниот театар за опера и балет на Република Албанија, информираа од амбасадата.
Марковски имаше средба со директорката Зана Чела, а потоа во нејзина придружба ја разгледа оваа значајна установа од областа на културата.
– Целта на средбата беше размена на мислења и идеи за соработка на оперските куќи на двете земји, македонската и албанската, во текот на периодот 2022/2023 година, во рамките на промовирањето на македонската и албанската култура, додаваат од амбасадата.
Посочуваат дека следната година се планира гостување на македонската Национална опера и балет во Националниот Театар за опера и балет на Албанија.
Оваа албанска установа е основана во 1950 година со формирањето на филхармонијата, во чиј состав бил државниот хор, симфонискиот оркестар и балетската група.