По повод празникот 1 март, што во Бугарија се одбележува со подарување мартинки, амбасадорот Ангелов му подарил мартинка на специјалниот претставник на РС Македонија Владо Бучковски, кој од своја страна испратил честитки по повод претстојниот државен празник на Бугарија на 3 март.

На денешната средба меѓу бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов и специјалниот претставник на Владата на Република Северна Македонија за Бугарија Владо Бучковски главна тема била тековната соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Меѓу главните теми на разговорот биле врските во областа на медиумите, образованието, културата, здравствената заштита и инфраструктурните проекти.

Посебно внимание било посветено на подготвеноста на обете страни за изградба на граничниот пункт „Клепало“ меѓу општините Берово и Струмјани.

За време на состанокот, амбасадорот Ангелов ги презентирал и претстојните проекти во 2021 година во рамките на официјалната развојна помош што Бугарија и ја дава на Република Северна Македонија на годишно ниво.