„САД и Бугарија се посилни заедно. Ова го изјави амбасадорката на САД во Бугарија Херо Мустафа, која одржа предавање за лидерство на Воената академија „Г.Раковски“, јавува Фактор.
Амбасадорката истакнала дека Бугарија е една од земјите кои најмногу сакаат да учествуваат во операциите на НАТО, а како членка на ЕУ покажала лидерство во регионот и во светот.
Херо Мустафа во своето предавање истакнала дека Соединетите Држави инвестирале над 350 милиони долари во текот на 30 години во различни програми за обука и за опрема на бугарските вооружени сили.
Постои десетгодишен патоказ за одбранбена соработка меѓу двете земји. Заедно, САД и Бугарија продолжуваат да ги модернизираат бугарските вооружени сили. Целта е да се заштити бугарскиот национален интерес и да се зајакне интеграцијата во НАТО, рече Херо Мустафа.
Амбасадорката ги сподели своите впечатоци од структурата на НАТО во Варна. Поморската координација е од стратешко значење за присуството на НАТО во Црното Море.
Извор: Трибуна