Амбасадата на Република Бугарија во Скопје тагува заедно со цела Бугарија по загубата на големиот Димитар Пенев. Остануваме благодарни пред сè за обединувањето на нашиот народ во 1994 година – нешто што денес толку многу ни недостига.
Нè боли што службените обврски го спречуваат составот на амбасадата да им се придружи на илјадниците граѓани кои денес ќе се простат за последен пат со Стратегот на Националниот стадион „Васил Левски“.
Легендите не умираат! Ви благодариме за сè, стои во објавата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје на социјалната мрежа Facebook.
Во коментар под објавата амбасадорот на Бугарија во Скопје Желјазко Радуков ја изрази својата почит и благодарност пред ликот и делото на големиот бугарски фудбалер и тренер Димитар Пенев.
„За сите нас кои го познаваа, Димитар Пенев ќе остане во нашите души и како извонреден човек со огромно срце, изобилство од добрина и хумор – пример кој сè повеќе ѝ недостига на денешната генерација. Благодарам и светол пат“, напиша амбасадорот Радуков.























