Се одржа првиот конгрес на Алтернатива, која се формираше како фракција на Движење Беса. Меѓутоа како што изгледа, ниту во овој состав Алтернатива не најде мир, јавува ТВ 21.
На конгресот, како што се очекуваше, не беше присутен пратеникот од оваа партија,Скендер Реџепи, иако на краткиот видео материјал подготвен за историјата на партијата, Реџепи речиси на секој дел е покрај лидерот на партијата Африм Гаши.
„Тој беше поканет како и сите други делегати, има многу други делегати кои не дојдоа, секој ги знае своите причини“, вели Африм Гаши.