По вчерашното известување од пратеникот Скендер Реџепи дека од сега натаму ќе дејствува како независен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, преку ова соопштение сакаме да објасниме дека оваа одлука е исклучиво лична одлука и не станува збор за никаков став кој што е поврзан за некоја партиска структура или партиски орган на Алтернатива.

Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор.

Бидејќи мандатите на овој парламентарен состав, следствено и на Алтернатива, се добиени под логото и во име на партијата, а не како независни кандидатури, се надеваме дека пратеникот Скендер Реџепи – во име на политичкиот морал и должностите кон партиските структури од кои станал пратеник – да го врати добиениот мандат во име на партијата, при што Алтернатива би била благодарна за досегашниот придонес.

Скопје, 15.06.2022

АлтернАтивА – Скопје