Ковачевски не добил никакво писмо од Гаши, велат за „Слободен печат“ од Владата, па нејасно е дали и кога ќе расправа за барањето на Алтернатива – повторно отворање на судските случаи – кое беше едно од условите партијата да стане дел од власта.

Барањето на Алтернатива за меѓународна ревизија на судските случаи „Монструм“, „Диво Насеље“, „Малиот Алмир“, „Алфа“ деновиве се очекува да се најде кај премиерот Димитар Ковачевски, а тој да го препрати до Европската комисија.

Партијата на Африм Гаши се сомнева дека овие случаи се политички монтирани и нивното повторно отворање беше услов таа да влезе во Владата. Ковачевски не добил никакво писмо од Гаши, велат за „Слободен печат“ од Владата, па нејасно е дали и кога Владата ќе расправа за барањето на Алтернатива.

-Го известив амбасадорот дека веќе го доставив до премиерот предлог-писмото подготвено од Алијанса и очекуваме тоа да помине во Влада, а потоа Владата да се обрати до Европската комисија. Изразивме надеж дека овие две прашања ќе помогнат во зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото, враќајќи ја довербата на граѓаните во државните институции“, соопшти Гаши.

Целиот текст на „Слободен печат“.