„На 15 септември 2023 година дисциплинска комисија ќе ги разгледува предлозите за дисциплинска постапка, поднесени против обвинителите Фатима Фетаи и Сашо Рајчев, поради сомничење дека сториле кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, или злоупотреба на лични податоци.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, повикувајќи се на свои извори на информации.

„Алмакос“ пишува: Обвинителката Фетаи е осомничена дека соработувала со осудениот сопственик на порталот Доказ М Марјан Стаменковски. Според извори во Обвинителството, Сашо Рајчев ќе биде испрашан од дисциплинската комисија поради негово  непрофесионално однесување. За двата случаи се доставени докази, кои мора да бидат оценети од Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност.

Обвинителството ќе испитува дали двајцата обвинители Фетаи и Рајчев сториле злоупотреба на службената положба и овластување, или злоупотреба на лични податоци, како кривични дела, за кои е поднесена пријавата. Ако се утврди дека тие двајцата соработувале со Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „Доказ М“, тогаш ќе им биде доведена во прашање нивната иднина како обвинители.

Во меѓувреме, и шефот на Вишото обвинителство на Скопје Мустафа Хајрулахи покренал во Основниот суд Скопје постапка за клевета, како што се тврди, „кои се направени од страна на порталот ‘Доказ М’.