„Алкалоид“ има реализирано 121 вработување, инвестиции од над 524 милиони денари и консолидирана продажба од 6,7 милијарди денари во периодот од јануари до јуни годинава. Консолидираната продажба на „Алкалоид“ на домашниот пазар се зголеми за 7 проценти, додека извозот на компанијата се зголеми за 1 процент. Од вкупната продажба, 35 проценти се реализирани на домашен пазар, додека 65 проценти на странски пазари, претежно во земјите од Југоисточна Европа, и тоа 34 проценти. Групацијата „Алкалоид“ сега има 2479 вработени, од кои 1909 се со седиште во Скопје, додека 570 се во странство. Акциите на Алкалоид на Македонската берза се меѓу најтргуваните. Цената на една акција во периодот јануари-јуни се движеше од 13.300 до 16.500 денари или во просек од 14.738 денари, што е за 23,3 проценти повеќе од истиот период лани.

Advertisements

Прикажи повеќе