Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово оствари средба со 155 лица – медицински персонал и со раководството на Клиничка болница Тетово, при што инфирмираше дека конечно се става крај на долгогодишната неправда, и ќе ги добијат договорите.
– Една институција за да биде компатибилна и да нуди услуги кои се квалитетни има три неопходни столба, едниот е инфраструктурен, вториот е организациски и третиот е човечкиот фактор, за кој веруваме дека е најважен, затоа инвестираме во подобрување на капацитетот на здравствените институции. Задоволство ми е што токму првата средба ми беше тука со колегите, кои имаат еден од највиталните нерешени проблеми, а тоа е вработувањето. Некои од нив работеа и по 10 години, а дел од нив по месец или година беа и без плата за да бидат дел од институцијата. Денес по месец ипол задоволни сме што тие се веќе дел од КБ Тетово, 155 вработени чии процедури административно ги завршивме. Сега крајниот чекор е за полагање администратеивен тест, за да може да се потпишат договорите меѓу директорот и вработените, изјави министерот Алиу.
Министерството за здравство останува посветено на принципите на еднаквост, почит и институционална правда, особено кон професиите кои се столб на здравствениот систем/ Макфакс