Последната одлука на американската државна администрација да го прогласи за „нон грата“ високиот функционер на Демократската унија за интеграција и актуелен градоначалникна општина Струга, Рамиз Мерко, заедно со неговото семејство, е порака и за другите политички фигури кои ја злоупотребиле службената положба и се вмешани во коруптивни афери, велат за „Фронтлајн“ познавачи на политичките случувања во земјава.
– Бидејќи корупцијата кај политичарите во Македонија и регионот, е ендемска и сеприсутна – секоја ваква одлука создава анксиозност и исчекување кај колегите функционери. Очекувам дека е ова само почеток на подолга листа сегашни и бивши политичари, кои треба да заминат од политичката сцена, изјави за „Фронтлајн“, Бесим Небиу – политички аналитичар.
И правникот Ќенан Алиу вели дека одлуката на американскиот државен департмент да ги прогласи за нон грата, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга и член на централното претседателство на ДУИ, треба да биде аларм за Македонската политика.
– Американската доктрина за борба против корупцијата во Република Северна Македонија и пошироко почна да биде со конкретни акции. Од оваа санкција нема да избегаат ниту поранешни и сегашни функционери. Значи државата што ја спроведува оваа мерка не е обврзана да даде детални објаснувања за конкретни случаи и покрај поседувањето на дебелото досие. Но според стандардот се објавува само постулатот на причината за одлуката, односно Мерко и членовите на неговото семејство се осомничени за корупција од галопирачки размери и злоупотреба на средства, како и влијание во судството, изјави Алиу за „Фронтлајн“.
Но, оваа одлука, вели тој, го обврзува државното обвинителство за организиран криминал согласно аксиомата, допрен глас.
– Следствено, во различни форми ќе се бара Мерко да си поднесе оставка од сегашната функција, додека партијата се оградува. До крајот на годината најверојатно ќе се соочат најмалку шест лица од овој тип на санкционирање на други личности од различни етникуми и различни партиски средини“, подвлече тој.
Од друга страна, Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА побараа оставка од Мерко од функцијата градоначалник на општина Струга.
Лидерот на Алијансата за Албанците – Арбен Таравари изјави дека неговата партија ја почитува одлуката на американскиот Стејт департмент, додавајќи дека не само за Рамиз Мерко, туку и доколку има други такви лица без разлика на етничката или партиската припадност.
По прогласувањето на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, од страна на Стејт департментот на САД за нон грата, реагираше и американската амбасадорка во Северна Македонија, Ангела Агелер.
„Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – што го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилноста на Северна Македонија“, стои во објавата на амбасадорката.
Претходно, Стејт департментот го прогласи градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во тешка корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.