Аналитичарот Фатон Алити во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не верува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја исклучил можноста за коалиција со ДУИ.

Според него, тоа се прави за да влијаат и да го доближат резултатот.

„Јасно е дека ДУИ е во предност. Ако се случи, хипотетички, 14:12 а ВМРО има 50 тогаш и едниот и другиот ми обезбедуваат 61,62. Тогаш играта ја води ВМРО. Овие доаѓаат со 4, ти дали доаѓаш со 3. Не е ситуацијата од 2020. Не е од некоја голема љубов или сличност во нивните видувања за иднината на Македонија, туку е поради да се дојде во позиција да бидам јас тој што ги водам преговорите а не некој трет“, вели Алити.