Филмот за симаптичното девојче со кадрава коса, Сју, која со татко ѝ живееја како бездомници и со ситни измами доаѓаа до пари и храна, ги освои срцата на гледачите ширум светот. Алисан Портер по улогата во овој филм доживеа целосен крах во кариерата и приватно, но за среќа сега тоа е минато.
Тогаш десетгодишното девојче Алисан Портер беспрекорно ја одигра улогата, која не ѝ беше прва. Многумина се сеќаваат на неа како глуми покрај Стив Мартин и Хоакин Феникс во комедијата „Родители“, како и покрај Бет Мидлер во драмата „Стела“.
Но, главната улога покрај Џим Белуши, во филмот „Кадравата Сју“ ја направи миленичка на сите генерации. Сепак по овој филм, како сè да застана, па таа долго време немаше снимено ништо. А во тинејџерските години сфати дека пеењето повеќе ја привлекува па во 2016 година се пријави во десеттата сезона на шоуто „Гласот“ во кој под менторство на Кристина Агилера ја однесе победата. Својот последен албум го објави во 2019 година.
Беше зависна од алкохол и дрога, а пред неколку години призна дека од октомври 2007 година е чиста. Денес 38 годишната Алисан посветена е на своите деца осумгодишниот Мејсон и шестгодишната Арија, кои ги доби со поранешниоот сопруг Брајан Отерниет.
Косата повеќе не ѝ е кадрава. Ја осветли сега според фотографиите на Инстаграм најчесто ја стилизира во нежни кадрици. Целосно е посветена на музичката кариера и дава часови по пеење.