Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски за прв пат во кариерата се најде во тимот на колото во Премиерлигата, откако во средата го постигна својот премиерен гол во англискиот шампионат во триумфот од 5:2 над Њукасл.
Најдобрите 11-мина во 13. коло во Премиерлигата се Поул (Барнли), Вебстер (Брајтон), Куфал (Вест Хем), Тарковски (Барнли), Алиоски (Лидс), Салах (Ливерпул), Гундоган (Манчестер сити), Поденс (Вулверхемптон), Рашфорд (Манчестер јунајтед), МекГолдрик (Шефилд јунајтед) и Фирмино (Ливерпул).
Алиоски се најде во тимот на колото со оценка 8.0. (МИА)